Одермат најдобар и на вториот супер-џи во Кортина Д’ампецо

Најдобриот алпски скијач на денешницата Марко Одермат победи и на вториот супервелеслалом во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецо како дел од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.

Швајцарецот до победата стигна со време од 1:25.13 минута што беше за 76 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот домашен натпреварувач Доминик Париз. Подиумот го надополни Австриецот Данием Хеметсбергер со заостанување од 1.03 секунда зад времето на победникот.

Најголемиот ривал на Одермат сезонава Норвежанецот Александер Омот Килде не успеа да ја заврши денешната трка.

Се вчитува...