Одиграни 156 натпревари на најмасовниот турнир за млади категории на овие простори „Пандев Куп 2018“

Со финалните натпревари во секоја пооделна категорија заврши најспектакуларниот турнир за млади категории во Македонија и регионот, „Пандев куп 2018“.

На турнирот беа одиграни вкупно 156 натпревари во генерациите 2006, 2007, 2008 и 2009 година, а се постигнаа вкупно 544 голови.

За првпат оваа година се одржува ваков турнир, под организација на ФК Академија Пандев, а со најава дека во иднина ќе стане и традиционален.

ПОБЕДНИЦИ НА ТУРНИРОТ ПО КАТЕГОРИИ:

2006 година
Плеј офф А
1. Еуроспорт Пандев – Куманово; 2. Неготино – Неготино; 3. Њу Старс Смилковци – Скопје
Најдобар играч – Дарио Јакимовски – Еуроспор
Најдобар голман – Зафир Зафировски – Њу Старс Смилковци

Плеј офф Б
1. Скупи – Скопје; 2. Победа – Прилеп

2007 година
Плеј офф А
1. Осијек – Хрватска; 2. Њу Старс Смилковци – Скопје; 3. Шкендија – Тетово
Најдобар играч – Барич Иван – Осијек
Најдобар голман – Пашовски Антионио – Шкендија

Плеј офф Б
1. Прилеп Пандев – Прилеп; 2. Талент – Битола

2008 година
Плеј офф А
1. Академија Пандев – Струмица; 2. Национал – Бугарија; 3. Талент – Битола
Најдобар играч – Кристијан Горјанов
Најдобар голман –Александар Трајков

Плеј офф Б
1. Дит – Софија; 2. Драчево Пандев – Скопје

2009 година
Плеј офф А
1. Осијек – Хрватска; 2. Прилеп Пандев – Прилеп; 3. Академија Постолов Пандев – Штип
Најдобар играч – Лука Горгиовски
Нјадобар голман – Андро Палац

Плеј офф Б
1. Скупи – Скопје; 2. Победа – Прилеп

Се вчитува...