Одличен настап на ПЦЦ Рејсинг во „Спа“

Македонскиот тим ПЦЦ Рејсинг имаше одличен настап во ТЦР Европа шампионатот откако Франко Џиролами викендов извозе две одлични трки на легендарната патека „Спа“ во Белгија.

Џиролами го освои петтото место на вчерашната трка, надминувајќи ги и проблемите со возилото, успевајќи да одолее на налетите на ривалите и да го задржи овој одличен пласман. Тој продолжи со одлично издание и на денешната трка, на која одговори на сите предизвици и по голема битка успеа да стигне до седмото место.  Победник и на двете трки на „Спа“ беше Микел Аскона.

Следен предизвик за тимот на ПЦЦ Рејсинг ќе биде натпреварувањето на патеката Нирбургринг што е закажано за месец септември.

Се вчитува...