Одличен старт на Македонците во Абу Даби: Мировски со победа го почна Светското првенство во кик бокс (ФОТО)

Македонските репрезентативци одлични ги стартуваа своите настапи на Светското првенство во Абу Даби, ОАЕ.

Прв од македонските натпреварувачи настапи Силвио Мировски во Лоу Кик во категоријата до 71 килограм, притоа убедливо со 3-0 победувајќи го домашниот кикбоксер Карим Мохамед од ОАЕ.

На тој начин, Мировски се избори за осминафинале на шампионатот каде сега ќе се соочи со српскиот репрезентативец Лазар Ступар.

Како што информираат од македонската репрезентација од ОАЕ одлична борба на Мировски, кој низ следните предизвици на шампионатот, верува дека може да дојде и до битката за медали во својата категорија.

Се вчитува...