Одлична група за ракометарките за младинското СП во Скопје

Младинската женска ракометна репрезентација на Мaкедонија избра одлична група за претстојниот Мундијал за ракометарки до 20 години што ќе се одржи токму во Скопје во вториот дел од месец јуни оваа година. Нашите ракометарки се најдоа во групата Х, каде за ривали во првата мундијалска фаза ќе ги имаат Исланд, Ангола и САД.

Согласно пропозициите, најпрвин беа комплетирани групите од три извлечени шешири, по што домашната селекција имаше можност да избира во која група ќе се најде. Македонија ја избра токму групата Х, во која пласманот на нашите ракометарки во следната фаза не би требало да биде доведен во прашање, а доколку се одигра квалитетно против Исланд и да се освои првото место во групата.

ГРУПА  „А“:  Романија, Холандија, Бразил, Иран
ГРУПА  „Б“: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле,
ГРУПА  „Ц“: Унгарија, Кореја, Аргентина, Мексико,
ГРУПА  „Д“: Данска, Норвешка, Јапонија, Тајван,
ГРУПА  „Е“: Шведска, Чешка, Кина, Алжир
ГРУПА  „Ф“: Франција, Германија, Шпанија, Валјд Карта
ГРУПА  „Г“: Португалија, Ц. Гора, Гвинеја Узбекистан,
ГРУПА  „Х“: Ангола, Македонија, Исланд, САД

РФМ беше домаќин на Кадетското Светско првенство во 2022, а сега истите тие девојки, само две години подоцна во јуниорска конкуренција (У20) ќе настапат на мундијал, исто така во Скопје, во салите „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од 19 до 30 јуни.

Се вчитува...