По три натпревари без победа, Алиоски и Лидс им се вратија на победите откако славеа на гостувањето против Фулам со 1-2 со што ја забележаа 12. победа во сезоната. Македонскиот интернационалец ги одигра сите 90. минути, а имаше и клучно додавање при првиот гол на својот тим.
Лук Елинг постигна прекрасен погодок во осмата минута од натпреварот, но истиот беше поништен од ВАР поради офсајд, а веќе во 29. минута Патрик Бамфорд го донесе Лидс во водство, кое не траеше долго, бидејќи во 38. минута Андерсен го изедначи резултатот. Конечните 1-2 ги постави Рафиња со погодок во 58. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА