Одлична партија на Димитријевиќ, Нено со 21 поен го предводеше Арис во триумфот над Бургос

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, на најдобар можен начин дебитираше пред навивачите на Арис во првиот меч на домашен терен во УЛЕБ Еврокупот.

Арис со 93:80 го совлада шпанскиот Бургос, а Димитријевиќ беше најдобар на паркетот во салата „Александрио Мелатрон“.

 

 

Димитријевиќ беше стартер на мечот, одигра 21 минута и ја предводеше листата на стрелци на Арис со 21 постигнат поен, погоди две тројки од три обиди, а имаше и шест асистенции и два скока.

 

 

Победникот беше решен уште во првото полувреме, првата четвртина Арис ја доби со 28:14, а вторите десет минути ги доби со 25:16 и на одмор замина со предност од 23 поени (53:30) по што второто полувреме кошаркарите на Арис ги одработија рутински.

Свое шоу имаа и навивачите на Арис кои традиционално веднаш по потфрлањето на баскетот, со „поплавија“ теренот.

 

Се вчитува...