Одлична трка во Силверстон: Ринс го претекна Маркез во последните метри

Марк Маркез го доживеа и вториот едноподруго пораз во последните метри на една трка, овој пат во Силверстон. Алекс Ринс е победник на трката од Големата награда на Велика Британија откако во последниот круг го претекна Маркез.

Возачот на Сузуки го мина Шпанецот буквално во последните метри. На подиумот заврши уште е Маверик Виналес, додека легендарниот Валентино Роси заврши како четврти низ целта.

Губитници на денот се Фабио Квартарао и Андреа Довициозо кои се откажаа во првиот круг после инцидентот.

Во генерален пласман Маркез е убедливо водечки со 250 бода.

Се вчитува...