Одлична вест: Кузмиќ комуницира и ги движи екстремитетите

Здравствената состојба на Огнен Кузмиќ од ден во ден се повеќе се подобрува, па српскиот кошаркар не само што беше разбуден од кома, туку и почна да комуницира со луѓето околу себе. Ова го потврди Црвена Звезда во најновото соопштение на клупската веб-страница, по посетата на челниците на АБА-шампионот на Кузмиќ во белградската клиника.

„Лекарите изразија задоволство поради моментната состојба на Кузмиќ, како и бавното, но сигурно опоравување по хируршкиот зафат по повредите заработени во сообраќајната несреќа. Тој е свесен, ги движи сите екстремитети, дише самостојно и почна да комуницира со лекарскиот тим што се грижи за него 24 часа дневно“ – се вели во најновото соопштение на Црвена Звезда.

Се вчитува...