Одлична вест за македонските навивачи: Неограничен престој во Романија на ЕВРО 2020 само со негативен ПЦР-тест

Одлична вест за македонските навивачи кои посакуваат да бидат дел од поддршката за македонската репрезентација на престојното Европско првенство 2020 во Романија.

„Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт. Она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три /3/ дена, согласно кое при престој во Романија, македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Тоа ќе значи дека македонските фанови, со одлука на Владата на Романија, ќе имаат можност за неограничен престој во Букурешт и присуство на двата натпревари со Австрија и со Украина, на 13. и на 17. јуни.

„Се уште нема прецизна информација со колкава бројка на билети за продажба ФФМ ќе располага. Но, од претходно беше донесена одлука за приоритет за купување билети преку ФФМ за здравствените работници кои ќе покажат интерес за присуство на натпреварите“ – велат од ФФМ.

Од ФФМ дополнуваат дека се очекуваат дополнителни информации околу протоколите за натпреварот со Холандија кој се игра на 21. јуни во Амстердам.

ОД ДЕНЕСКА СЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА И БИЛЕТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРО 2020. Сите заинтересирани за купување билети детални информации може да најдат на следниот ЛИНК.

Се вчитува...