Одлична вест за Шкендија пред дуелот со Браво

Шкендија ќе биде значително засилена за вечерашниот натпревар од квалификациите за Конференциската лига против словенечки Браво, откако тетовци добија зелено светло за настап на двете најнови засилувања.

Напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и дефанзивецот Јован Манев потпишаа за тетовските црвено-црни во текот на минатата седмица, а управата на клубот успеа да ги регистрира навреме за тие да можат да бидат во комбинација за денешниот меч воЉубљана.

„Откако успешно ја завршивме нивната регистрација, Манев и Ѓорѓиевски се вклучени на нашата официјална листа на УЕФА, тие ќе бидат на располагање на тренерот Артим Положани за мечот во Љубљана. Иако дојдоа неодамна и одржаа само неколку тренинзи со екипата, двајцата ќе можат да дадат свој придонес на првиот натпревар со Браво“, објави Шкендија.

Се вчитува...