Одлични вести од Бергамо – Иличиќ се враќa во составот на Аталанта

Одлични вести стигнуваат од Бергамо. Словенечкиот интернационалец Јосип Иличиќ ќе биде дел од тимот на Аталанта за мечот против Наполи. Еден од најдобрите фудбалери на Аталанта имаше лоша епизода во животот и падна во депресија, па последните седум седмици отсуствуваше од клупските обврски. Официјалната информација од Аталанта беше дека Иличиќ отсуствува од приватни причини, а потоа беше лиферувана веста и дека се бори со депресија.

Сепак, искусниот Словенец пред нешто повеќе од еден месец се врати на тренинзите на клубот, а веќе овој викенд се очекува да го има и првиот настап по долгата пауза. Иличиќ ги прекина настапите за Аталанта по мечот против Јувентус (2-2) на 11 јули, првично беше известено дека има проблеми со мускулот, но потоа се дозна дека сепак има семејни проблеми и се разведува откако дознал дека сопругата го изневерува.

Се вчитува...