Одлични вести: Повредата на Адеми не е сериозна

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми поради повреда мораше прерано да го заврши вчерашниот меч против Омонија во Лигата на шампионите. И покрај лошите предвидувања, од Загреб доаѓа убава вест дека повредата на Адеми не е сериозна.

„Завршените прегледи покажаа мало оштетување на мускулот на десната нога. Клупската медицинска служба започна со процес на рехабилитација и физикална терапија, а Адеми се чувствува многу подобро“, стои во соопштението од Динамо. 

 

Се вчитува...