Одлични вести за Јувентус и Португалија – Роналдо е добар ќе биде подготвен за Франција и Хрватска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантос изјави дека Кристијано Роналдо веројатно ќе го пропушти пријателскиот меч против Андора, но ќе биде подготвен за дуелите против Франција и Хрватска во Лигата на нации.

Асот на Јувентус заработи повреда скочниот зглоб на последниот меч во Серија А против Лацио, а по неговото излегување во 76. минута „старата дама“ успеа да ја прокоцка предноста и на крајот да освои само бод.

Иако првите информации беа дека повредата е сериозна, сепак по дополнителните прегледи е востановено дека не се работи за потешка повреда и Роналдо ќе може да биде дел од репрезентацијата на Португалија во ноемврискиот прозорец.

Се вчитува...