Одлични вести за Мурињо – Вајналдум се врати на тренинзите (ВИДЕО)

Џорџино Вајналдум ова лето пристигна во Рома како големо засилување, но заработи скршеница на ногата при крајот на месец август откако на тренингот на „волчицата“ имаше несреќен дуел со Феликс Афена-Гјан.

Холанѓанецот поради истата го пропушти Светското првенство во Катар, но сега полека се враќа на тренинзите. Тој по четири месеци конечно допре топка и им се приклучи на соиграчите на подготовките во Португалија, а очекувањата се дека Жозе Мурињо ќе може да смета на неговите услуги и за самите натпревари од јануари.

Се вчитува...