Одличниот Јокиќ не го спаси Денвер од пораз (ВИДЕО)

Никола Јокиќ постигна 30 поени, имаше и 10 скока и четири асистенции, но тоа не беше доволно за Денвер да ја запише четвртата последовна победа и мораше да се помири со домашниот пораз од Индијана со 107-115. „Пејсерс“ беа одлични во завршната четвртина која ја добија со 26-41 и со тоа ја достигнаа позитивата што ја имаше Денвер.

Покрај Јокиќ во тимот на „нагетс“, добри партии имаа Вил Бартон и Џереми Грент кои уфрлија по 16 поени. Индијана до победата ја предводеше Домантас Сабонс кој со 22 поени, 15 скока и 10 асистенции го запиша првиот трипл-дабл во кариерата. Идентичен број поени како него постигна и Ти Џеј Ворен, а Даг Мекдермот средбата ја заврши со поен помалку.

Денвер има биланс од 29 победи и 13 порази на четвртото место на табелата во Западната конференција. Идентичен скор има и Јута. Индијана со биланс од 28-15 е на петтата позиција на Исток.

 

 

Се вчитува...