Одличните замени на Оле донесоа нов триумф на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед повторно во лудо второ полувреме успеа да стигне до нови три бода во Премиер-лигата, откако по пресврт со 1-2 го совлада Вест Хем во натпревар од 11 коло.

Домаќините водеа по првиот дел со голот на Томас Соучек во 38. минута, а до крајот на првите 45. минути имаа уште неколку добри шанси кои не ги искористија. Одличните замени во вториот дел и влегувањето на  Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд доведоа до целосен пресврт и триумф на екипата на Солскјер.

Прво Погба во 65. израмни на 1-1, додека Гринвуд три минути подоцна зголеми на 1-2, додека конечните 1-3 ги постави Маркус Рашфорд во 78. минута.

 

 

Се вчитува...