Одлично деби на Хакими во дресот на „светците“ – ПСЖ до рутински триумф против Ле Ман (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен славеше со 4-0 над Ле Ман во првиот подготвителен натпревар пресрет новата сезона. Голот за 1-0 го постигна Мауро Икарди, а одлично деби во дресот на „светците“ имаше Ашраф Хакими кој асистираше за вториот гол кој беше дело на младиот Ишмаил Гарби.

Водство од 3-0 донесе Бадиугу Фадига, додека конечните 4-0 ги постави Чави Симонс во 91. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...