Одлично деби на Вембањама, пораз на Сан Антонио (ВИДЕО)

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Сан Антонио Спарс во подготовките за новата НБА сезона 122-121.

Виктор Вембањама, првиот пик на годинешниот драфт, се истакна во дресот на Спарс. Младиот Французин за 19 минути игра постигна 20 поени со пет скока. Тоа беше дебито на Вембањама во предсезоната во НБА.

Сепак, тоа не беше доволно за триумф. Спарс имаа +19 во втората четвртина, но Оклахома успеа да се врати во мечот и на крајот да стигне до победа.

Лос Анџелес лејкерс го совладаа Бруклин нетс со 129-126, додека Њујорк беше подобар од Бостон 114-107.

Се вчитува...