Одложен и натпреварот помеѓу Ангели и Работнички

Коронавирусот продолжува да прави проблеми во мак-бакскетот. Откако во претходното коло беше одложен натпреварот помеѓу Еуро Никел и ТФТ, во 14. коло одложени се две средби со што по мечот помеѓу Феникс 2010 и Пелситер нема да се одигра ниту дуелот помеѓу Ангели и Работнички.

Причината е позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на „црвено-белите“ кои ги потврди и федерацијата. Датумот за одигрување на средбата ќе биде дополнително одреден.

„Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе одлука за одложување на натпреварот од 14. коло од Првата лига-мажи, Ангели-Работнички, кој беше предвидено да се игра на 29. јануари (сабота) во салата „Независна Македонија“ од 15.часот.  

„Поради четири (4) позитивни играчи од Ковид-19 во екипата на КК Работнички, натпреварот помеѓу КК Ангели – КК Работнички се ОДЛОЖУВА“.

Натпреварот ќе биде презакажан во дополнителен термин, во договор со двете екипи.

Од истите причини, претходно комесарот за натпреварување одлучи да го одложи натпреварот Феникс 2010-Пелистер, кој е дел од 14. коло од Првата лига-мажи“, стои во соопштението на КФМ.

Се вчитува...