Поларните услови што завладеаја на територијата на Македонија во последните 48 часа придонесоа да дојде до промени и во календарот на натпреварување од Втората лига во фудбал.
Откако беше одложено едно коло од елитното друштво, денеска е донесена одлука и за одложување на стартот на втората лига, која требаше да почне претстојната сабота, но поради новонастанатата ситуација средбите од следното коло ќе се одиграат наредниот вторник (6 март).
По досегашниот дел од сезоната, во втората лига запад на делба на првото место се наоѓаат Велазерими и Гостивар со по 25, пред Струга со 24 бода, додека во источниот дел на чело е Беласица со 30 бода, четири повеќе од второпласираниот Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА