Одложен квалификацискиот карате турнир за пласман на ЛОИ

Покрај Европското првенство во Баку и неколку силни светски турнири, одложен е и Квалификацискиот карате турнир за пласман на ЛОИ во Токио, кој требаше да се одржи во Париз.
„Ве известуваме дека поради актуелната ситуација со коронавирусот Kовид-19, а во насока на  превенција, заштита и безбедност на натпреварувачите, дека квалификацискиот турнир кој требаше да се одржи во салата „Берси“ во Париз од 8 до 10 мај за обезбедување на настап на Олимписките игри во Токио 2020 е одложен. Oдреден е новиот датум за одржување на истиот кој што Светската карате федерација (WKF) во координација со Меѓународниот олимписки комитет го определи е од 26-28.06.2020 година“, стои во официјалното соопштение на Карате федерацијата на Македонија.

Се вчитува...