Одложен мечот Лоте – Борусија Дортмунд

Четвртфиналниот натпревар од Купот на Германија меѓу Лоте и Борусија Дортмунд е одложен поради обилните врнежи на снег во последните неколку часа. Фудбалерите на двата тима излегоа да се загреваат, но откако официјалните лица се уверија дека не постојат услови за одигрување на средбата истата беше откажана.

Новиот термин на одигрување на натпреварот ќе биде дополнително утврден.

Ајнтрахт е првиот полуфиналист во Купот на Германија откако вечерва славеше со 1-0 над Арминија, со голот на Блум во шестата минута.

Се вчитува...