Одложен натпреварот Металург – Висла

Натпреварот од второто коло во Лигата на Европа меѓу Металург и Висла Плоцк и официјално е одложен, по новиот случај на коронавирус во редовите на македонскиот претставник.

„Металурзите“ вчера објавија дека имаат втор позитивен случај на Covid-19, но бидејќи сите ракометари во изминатиот период биле во близок контакт при патувањето во Франција, беше донесена одлука целата екипа да замине во 14-дневна изолација.

Веднаш беше донесено барање за одлагање на дуелот со Висла, по што денеска ЕХФ ги информирало двата клуба дека мечот закажан за 27 октомври се откажува, а новиот термин ќе биде објавен дополнително.

Се вчитува...