Одложени плановите: Ролан Гарос ќе добие подвижен покрив во 2020 година

Пред речиси четири години, француската тениска федерација најави планови за реновирање на терените на кои се игра вториот Гранслем турнир во тениската година, Ролан Гарос. Минатата година, организаторите беа приморани да одложат голем број на мечеви поради обилните врнежи од дожд, а за три години тоа нема да биде никаков проблем.

По примерот на Австралија Опен и Ролан Гарос ќе добие подвижен покрив на главниот терен „Филип Шатрие“, но дури во 2020 година, две години подоцна од претходно очекуваното. Главната причина поради која се одложи поставувањето на подвижниот покрив се дозволите за изградба кои сè уште не се одобрени.

Покрај промените на главниот терен, терените со број 7 и 9 ќе имаат зголемен капацитет на седишта и ќе бројат 5.000,

Минатата година на УС Опен дебитира подвижниот покрив над теренот „Артур Аш“ додека на Вимблдон ќе биде комплетиран до 2019 година.

Се вчитува...