Одложено дебито на Серхио Рамос за ПСЖ

Серхио Рамос требаше да дебитира за ПСЖ на утрешниот пријателски натпревар против Севилја, но тоа нема да се случи откако тренерот Маурицио Покетино реши воопшто да не го вклучи шпанскиот ас во својот список на играчи за оваа средба.

Рамос дојде како мега-засилување од Реал Мадрид, но во последните денови тој се жалеше на мала болка во мускулот, поради која не работеше стопроцентно со остатокот од тимот. Покетино е свесен дека ризикот од нова повреда непосредно пред стартот на сезоната е непотребен, па дефанзивецот ќе остане во Париз за да работи на подобрување на физичката подготвеност за стартот на сезоната.

Останува да се види дали тој ќе биде подготвен за дуелот од Супер-купот на Франција закажан за в недела, кога ПСЖ ќе ги одмери силите со шампионот Лил.

Новата сезона во француското првенство стартува на 7 август, a „светците“ во првото коло ќе се сретнат со тимот на Троа.

Се вчитува...