Одложено дербито меѓу Вардар и Работнички од 3. коло

Дербито од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Работнички кое требаше да се одигра в недела (27. август) е одложено поради обврските на македонскиот шампион во европски рамки.

Вардар побарал од ФФМ, поради дуелот во четврток со Фенербахче во Истанбул, натпреварот со Работнички да биде одложен, на што во пресрет излегоа „романтичарите“ кои дадоа согласност за одложување на средбата.

Првично натпреварот требаше да се одигра на 28. август (понеделник) но поради репрезентативниот собир и тоа не е возможно, па дополнително ќе биде одреден терминот за одигрување на истиот.

Се вчитува...