Одложено сослушувањето на Ѓоковиќ: Српски навивачи го опколија хотелот (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ треба да се најде пред федералниот суд во Австралија откако неговиот тим на адвокати поднесе жалба на одлуката да му се забрани влез во државата. Како што пренесуваат тамошните медиуми случајот требал да започне од 16 часот по локално време, односно 6 наутро по средноевропско, но истиот е одложен за два часа.

По одлуката да му се забрани влез во Австралија, најдобриот тенисер на светот беше задржан во хотел каде го чекаше расплетот од драмата, а таму доби и очекувана поддршка од навивачите кои се појавија пред хотелот со српски знамиња.

Се вчитува...