Одложено српското вечно дерби поради „Ден на жалост“ во Србија

Одложено е 171. вечно фудбалско дерби во Српбија меѓу Партизан и Црвена звезда.  Се чека официјална потврда, но речиси сигурно е дека натпреварот меѓу Партизан и Црвена звезда ќе биде одложен поради трагичните настани на Косово и Метохија.

Во Србија ќе биде прогласен Ден на жалост, па во среда нема да се одржуваат спортски настани. Оценката е дека безбедносниот аспект за натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Звезда не е поволен, па средбата нема да се одигра оваа недела.

Следниот викенд се игра редовното десетто коло, а натпреварите од деветтото коло ќе бидат во некој друг и засега непознат термин.

Се вчитува...