Одложено враќањето на Леброн Џејмс

Лос Анџелес Лејкерс ќе мораат против градскиот ривал, ЛА Клиперс, без Леброн Џејмс. Иако најавено, враќањето на „кралот“ сепак нема да се случи. Неговот име го нема на списокот играчи на кои ќе смета тренерот Лук Волтон за вечерашниот натпревар. Ова ќе биде 18-ти натпревар кој го пропушта најдобриот кошаркар. Без него, Лејкерс имаат шест победи и  11 порази.

Изгледаше добро на тренингот во средата. Бевме кратко на теренот поради сите повреди кои ни прават проблеми. Направивме се што требаше, Леброн изгледаше повеќе од добро. Ќе видеме што ќе биде. Се подготвуваме како да нема да игра“ – изјави Волтон.

Леброн Џејмс се повреди во декември во натпреварот против Голден Стејт. Актуелниот шампион ќе биде следниот противник на Лејкерс, по дуелот со Клиперс.

Се вчитува...