Реал Мадрид во 12. коло од Ла Лига испушти значајни бодови ремизирајќи со „фенерџијата“ Гирона 1-1. „Кралевите“ долго се мачеа во мечот, а и покрај тоа што во 70. минута стигнаа до предност, во 80. минута пеналот на Стуани го постави конечниот резултат.
Избраниците на Анчелоти преку Родриго повторно ја затресоа мрежата во 90. минута, но Бразилецот ја смести топката зад голманот Газанига откако тој со една рака ја влечеше кон себе. Прегледот на снимката донесе недозволена игра, ВАР го поништи голот за победа, но жалбите продолжија по мечот.
Киксот на Реал Мадрид е шанса за Барселона која сега заостанува само еден бод за големиот ривал… Што мислите вие? Дали оправдано е поништен голот на Реал Мадрид?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА