Одлуката дали ќе има навивачи на ЛОИ ќе биде донесена во јуни

Од порано е познато дека навивачи од други земји нема да може да присуствуваат на Летните олимписки игри во Токио кои на програмата се од 23. јули до 8. август, меѓутоа се уште не се знае дали ќе може Јапонците да ги посетуваат натпреварите на игрите.

Одлуката околу публика на борилиштата ќе биде донесена во јуни, односно еден месец пред почетокот на игрите и свеченото отворање. Јапонија во последните недели бележи се поголем број на заразени со коронавирус, но сепак ситуацијата се уште е стабилна за разлика од поголемиот дел од светот.

Се вчитува...