Одмор за Роналдо – нема да игра со Беневенто

Јувентус ќе биде сериозно ослабен за утрешниот натпревар против Беневенто откако беше обелоденето дека Кристијано Роналдо воопшто нема да патува со екипата на ова гостување.

Португалецот имаше зад себе серија натпревари откако оздраве од коронавирусот, па стручниот штаб на чело со Пирло реши да не ризикува со евентуална повреда, па Роналдо нема да биде во комбинација за дуелот со тимот предводен од Филипо Инзаги на клупата. Добра вест за Јуве е враќањето на Леонардо Бонучи, кој отсуствуваше неколку седмици поради повреда на мускулот, но утре ќе се појави од првата минута крај Де Лихт во срцето на одбраната на „старата дама“.

Јувентус моментно се наоѓа на четвртото место во Калчо-лигата со 16 бода, четири помалку во однос на лидерот Милан.

Се вчитува...