Однесување кое никој не го очекуваше од Дончиќ: Го искина дресот на Далас… (ВИДЕО)

Во дербито на вечерта во НБА лигата, ЛА Лејкерс славеше против Далас со убедливи 129-114. Гостите веќе по првиот период од мечот го решија победникот со убедливата предност од 45-27, а незапирлив беше Леброн Џејмс со 35 постигнати поени.

Во поразениот тим подобар од останатите беше Лука Дончиќ завршувајќи го дуелот со 25 поени, 10 скока и седум асистенци. Но, и покрај одличниот ефект Словенецот не беше задоволен од својата игра.

„Играв многу лошо. Како да заборавив да играм кошарка. Тоа не бев јас. Мора да бидам многу подобар. Иако имам 20 години има работи кои мора многу подобро да ги правам, а под тоа подразбира и подобро однесување на теренот и контрола на бесот“ – истакна по средбата Дончиќ, кој за време на натпреварот во еден момент на фрустрација го искина сопствениот дрес. Секако тоа е непрепознатливо за него…

 

Се вчитува...