Одново немили сцени во Атина: Навивачи на АЕК го нападнале судот во кој беа фанови на Динамо

Во Атина ситуацијата со навивачите на АЕК и на Динамо е тензична, откако денеска претпладне почна испитувањето на 105 лица кои биле уапсени во тепачката во која загина еден навивач. Повеќемина од нив се навивачи на Динамо.

Грчкиот народ се крена против Хрватите, а денеска беше тензично пред Судот во кој хрватските хулигани даваа исказ по повод пресметката низ улиците на Атина во понеделникот вечерта, кога еден навивач го загуби животот.

Се собраа пред судот со цел да се осветат, но пред зградата има многу полиција, па не дозволи да има посериозен инцидент.

Се вчитува...