Одом: Коби ми е како татко кој никогаш го немав

Поранешниот НБА кошаркар Ламар Одом, во емотивна порака на инстаграм го опиша долгогодишниот соиграч Коби Брајант, како татко кој никогаш не го имал.

Брајант е само година дена постар од Одом, но имаше и големо влијание на неговиот живот во текот на седумте години кои заедно ги поминаа во Лос Анџелес.

„Коби Брајант имаше голема улога во мојот живот. Почнад да се потсетувам на сите моменти кои ги поминавме во минатото и благодарен сум му на бога што ми ги испрати. Неговата љубов беше толку голема што знаев дека морам да му возвратам со тоа што ќе бидам најдобар шести играч во лигата. Се надевам дека знаеш дека се чувствувам благословено што те имам во животот, не само како пријател и соиграч, туку како и татковска фигура која никогаш ја немав. Ти благодарам“, напиша Одом. 

 

Се вчитува...