Одработен официјалниот тренинг на Националната арена во Букурешт (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг на националната арена во Букурешт, пред утрешниот меч против Романија со кој „црвено-жолтите“ ќе ги отворат мундијалските квалификации. Селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на сите повикани фудбалери, освен Аријан Адеми кој поради повреда најверојатно ќе го пропушти дуелот против Романија.

„Црвено-жолтите“ го почувствуваа теренот на кој покрај утрешниот натпревар против Романија ќе одиграат и натпреварите на Европското првенство против Австрија и Украина.

Се вчитува...