Одржан првиот историски екипен натпревар во алпско скијање: Златото за Швајцарија!

Репрезентацијата на Швајцарија во алпско скијање ја освои првата титула олимписки шампион во екипно натпреварување во алпско скијање на едни Зимски олимписки игри.

Екипното натпреварување во алпско скијање за првпат е на програмата на Игрите, а историското злато на Швајцарија и го донесоа Денис Дајерабенд, Венди Холденер, Рамон Ченхојзерн и Даниел Џул.

Швајцарија во големото финале ја победи Австрија со 3-1.

Репрезентацијата на Норвешка во борбата за бронзениот медал беше подобра од Франција. Резултатот беше 2-2, но Норвежаните имаа подобро време и така стигнаа до третото место.

Се вчитува...