Одржано Државното првенство во карате (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Карате федерацијата на Македонија го одржа Државното првенство за сениори во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“. На првенството настапија 29 клубови со 105 свои натпреварувачи, во машка и женска конкуренција, во дисциплините борби и кати.

Специјален гостин беше јапонскиот амбасадор Н.Е. Хиронори Савада, кој со својата сопруга ги следеше финалните борби и беше импресиониран од квалитетот и од организацијата на овој настан, по што на спортистите им се обрати на македонски јазик:

„Среќен сум што Карате федерацијата на Македонија се грижи за зачувување и негување на јапонската традицијата и култура и тоа го прави на исклучително високо ниво во каратето“.

Амбасадорот Савада му врачи плакета на претседателот на КФМ Горан Милковски, во знак на благодарност и соработка. Во име на Карате федерацијата, на амбасадорот Савада му беше врачена плакета – симбол на вечноста, со порака таа соработка да се продлабочува и да остане засекогаш.

Настанот беше организиран без присуство на публика, на две борилишта-татами, согласно добиените протоколи од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а финалните борби беа пренесувани на олимпискиот канал на МОК.

ПЛАСМАНИТЕ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО, ВО СЕКОЈА КАТЕГОРИЈА:
Борби: (Мажи):

-60кг.
1. Абдурахим Идриз (Макпетрол – Скопје)
2. Горан Николовски (Металург – Скопје)
3. Дритон Халими (Фати – Тетово)

-67 кг.
1. Давид Петков (Макпетрол – Скопје)
2. Фахик Весели (Олимпик Спорт 2007 – Скопе)
3. Усаме Бахтијари (Цветан Димов – Скопје)
3. Роберто Ацковски (Макпетрол – Скопје)

-75 кг.
1. Доан Османи (Фати – Тетово)
2. Мурсељ Мисини (Башкими 2002 – Куманово)
3. Димитар Илиевски (Ботони)
3. Ненад Келебиќ (Цветан Димов – Скопје)

-84 кг.
1. Петар Спасеновски (Макпетрол – Скопје)
2. Берат Јакупи (Асиарт – Гостивар)
3. Виктор Крстевски (Металург – Скопје)
3. Бобан Џамѓозов (Штип – Штип)

+84 кг.
1. Вегим Мурати (Шкендија – Тетово)
2. Бериз Куртановиќ (КК Кеикс – Скопје)
3. Глигор Петков (Макпетрол – Скопје)
3. Цане Давитков (Штип – Штип)

(ЖЕНИ):
-50 кг.
1. Сара Радичевска (Макпетрол – Скопје)
2. Марија Петровска (Макпетрол – Скопје)
3. Верона Ајдини (Форца – Скопје)
3. Ирина Тапшановска ( ЈКС Центар – Скопје)

-55 кг.
1. Симона Заборска (Макпетрол – Скопје)
2. Јована Георгиева (Олимпик Спорт 2007 – Скопје)
3. Елена Биџева (Маваши – Скопје)
3. Марија Милева (Олимпик Спорт 2007 – Скопје)

-61 кг.
1. Моника Пендаровска (Макпетрол – Скопје)
2. Вероника Костовска (Олимпик Спорт 2007 – Скопје)
3. Берна Беќири (Форца – Скопје)
3. Викторија Јовановска (Макпетрол – Скопје)

-68 кг.
1. Ангела Мојсовска (Макпетрол – Скопје)
2. Бојана Манева (Штип – Штип)
3. Горица Цвејн Ќелебиќ (Кизаме – Скопје)

+68 кг.
1. Симона Симовска (Олимпик Спорт 2007 – Скопје)
2. Мелиха Омеровиќ (Вардар – Скопје)

Екипно – мажи:
1. КК „Штип“ – Штип
2. КК „Макпетрол“ – Скопје

Екипно – жени:
1. КК „Макпетрол“ – Скопје
2. КК „Олимпик спорт 2007“ – Скопје
3. КК „Кизаме“ – Скопје

Кати:
Мажи:
1. Неделковски Александар (Металург – Скопје)
2. Бунтески Марко (Гладијатор – Велес
3. Бајовски Кристијан (Фунакоши Гичин – Скопје)
3. Реџеп Мустафовски  (Гладијатор – Велес)

Жени:
1. Пулексенија Јованоска (Фунакоши Гичин – Скопје)
2. Владанка Аврамова (Сансаи Метал Апостолов – Кавадарци)
3. Каролина Јанчовска (Фунакоши Гичин – Скопје)
3. Теодора Цветковска (Вардар – Скопје)

Екипно – жени:
1. КК „Сансаи Метал Апостолов“ – Кавадарци
2. КК „Фунакоши Гичин“ – Скопје

Екипно – мажи:
1. КК „Фунакоши Гичин“ – Скопје
2. КК „Сансаи Метал Апостолов“ – Кавадарци

Се вчитува...