ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Костадинов и Николов во стартните 11, Елмас со нова позиција, Јаховиќ во напад

Селекторот Благоја Милевски, го одреди стартниот состав за натпреварот со Германија кој се игра вечерва во 20:45 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Милевски се одлучи за неколку измени од дуелот со Лихтенштајн, пред се во средниот ред каде што сега ќе се најдат Николов и Костадинов, заедно со Адеми, додека Елмас добива нова улога.

Така Димитриевски ќе биде на голот. Во одбраната Стефан Ристовски на десната бековска позиција, Дарко Велковски и Висар Муслиу е стоперскиот тандем, а лево стандарно оди Алиоски.

Во средниот ред сега Николов, Адеми и Костадинов, со тоа што последните двајца ќе имаат обврска да помагаат и во напад и во одбрана. Милевски се одлучи за Елмас овојпат да оди на крилната позиција, заедно со Чурлинов на другата страна. Во нападот добива шанса Јаховиќ, на местото на Милан Ристовски кого ќе го нема поради суспензија.

Се вчитува...