Официјализиран датумот кога Фјури и Џошуа ќе излезат на ринг – Тајсон повторно најави дека ќе го „скрши“ противникот

Британскиот боксер Тајсон Фјури објави дека неговата борба со сонародникот Ентони Џошуа ќе се одржи на 14 август. Местото е веќе познато, па земјата домаќин на овој спектакл ќе биде Саудиска Арабија.

Не чека една од најголемите тешки борби во последните децении, бидејќи победникот ќе стане неприкосновен шампион. Џошуа (31) има појаси на ВБА, ВБО и ИБФ, додека Фјури е шампион на ВБЦ.

„Сите погледи на светот ќе бидат свртени кон Саудиска Арабија. Едвај чекам да го разбијам Ентони на најголемата сцена на сите времиња. Ова ќе биде најголемиот спортски настан во историјата на планетата Земја. Не пропуштајте“, рече Фјури во видеото што го објави на Твитер.

Плановите за борбата беа направени од февруари минатата година, кога Фјури го победи Дионте Вајлдер за круната на ВБЦ, два месеци откако Џошуа му се одмазди на Енди Руиз помладиот и си ги врати појасите.

Последниот неприкосновен шампион во тешка категорија беше Ленокс Луис, од 1999 до 2000 година, во ера во која појасот на ВБО не беше неопходен за борците да бидат признати како неприкосновени шампиони.

 

 

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum