ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Согласно најавите, Македонија офанзивно од почеток против Ерменците

Согласно најавите, селекторот Благоја Милевски максимално офанзивно ќе се спротистави на Ерменија во квалификациите за СП 2022 на дуелот кој од 20:45 часот стартува на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Со Јаховиќ, Чурлинов и Трајковски во нападот, дополнети со полна поддршка на Енис Барди кој ќе игра на десната крилна позиција, македонската селекција ќе се спротистави на Ерменците. Трајковски, пак, во формацијата добива поофанзивна улога од Јаховиќ.

Дарко Чурлинов за првпат во својата репрезентативна кариера ќе биде стартер во А-репрезентацијата на левокрилната позиција.

Се вчитува...