Официјални состави за ЛШ: Лестер напаѓа со Варди и Махрез, Јуве со Игуаин, Манџукиќ и Дибала

Јувентус ќе го нападне Порто во Торино со своето ударно трио, Игуаин – Манџукиќ – Дибала. Португалскиот тим како најистурени во нападот ќе ги има Андре Силва и Соареш, а веднаш зад нив и Оливер Торес. Секако, меѓу диреците се легендарните голмани, Џанлуиџи Буфон и Икер Касилјас.

Лестер ќе се обиде да стигне до историја со новиот менаџер Крег Шекспир на клупата, а тој им даде шанса на Џејми Варди и Ријад Махрез во нападот, надополнети со Оказаки. Севилја во навалниот ред ќе ги има Бен Једер и Витоло, а зад нив како офанзивен играч за врска ќе делува Самир Насри.

ЈУВЕНТУС – ПОРТО

ЈУВЕНТУС: Буфон, Дани Алвеш, Бенатија, Бонучи, Алекс Сандро, Маркизио, Кедира, Квадрадо, Манџукиќ, Дибала, Игуаин.

ПОРТО: Касилјас, Макси Переира, Маркано, Данило, Лајун, Фелипе, Андре Андре, Брахими, Оливер Торес, Соареш, Андре Силва.

ЛЕСТЕР – СЕВИЛЈА

ЛЕСТЕР: Шмајхел, Морган, Хут, Симпсон, Фукс, Дринквотер, Ндиди, Олбрајтон, Махрез, Окзазаки, Варди.

СЕВИЛЈА: Рико, Меркадо, Пареха, Рами, Ескудеро, Нзонзи, Ибора, Сарабиа, Насри, Витоло, Бен Једер.

Се вчитува...