ОФИЦИЈАЛНО: Алескис Санчез во Интер до 2023 година

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез официјално е нов фудбалер на Интер, потврдија од калчолигашот. Тој изминатата сезона ја помина на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед, а денеска стави потпис на договор со траење до 2023 година.

За разлика од Јунајтед каде не покажа буквално ништо, Алексис имаше запазена улога во Интер. Одигра 29 натпревари, на кои постигна четири гола. Со новиот договор тој годишно ќе заработува седуми милиони евра.

 

Се вчитува...