Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) официјално го објави новиот договор на селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти. Договорот меѓу двете страни важи до крајот на Светското првенство во 2030 година. Ова значи дека италијанскиот стручњак може да ја предводи „Селесао“ на уште едно Светско првенство по она што започнува следниот месец.
Анчелоти ја презеде бразилската репрезентација минатиот мај, но брзо ја импресионираше фудбалската федерација на земјата со својата работа. Искусниот тренер успешно ги заврши светските квалификации и ќе ги предводи „Кариоките“ на Светското првенство во 2026 година, каде што се во иста група со Мароко , Хаити и Шкотска . Во своите десет натпревари досега, 66-годишниот тренер има пет победи, два нерешени и три порази.
„Пристигнав во Бразил пред една година. Од првата минута разбрав што значи фудбал во оваа земја. Една година работиме на враќање на бразилската репрезентација на врвот на светот. Но, федерацијата и јас сакаме повеќе. Повеќе победи, повеќе време, повеќе работа. Со големо задоволство објавуваме дека ќе продолжиме да бидеме заедно уште четири години. Ќе бидеме заедно до Светското првенство во 2030 година. Сакам да им се заблагодарам на Федерацијата за нивната доверба. Ти благодарам, Бразил, за топлото добредојде и за целата љубов.“, рече Анчелоти.
Brasil 🤝 Carlo Ancelotti até 2030!
O Brasil segue no comando de um dos maiores treinadores da história!
Compromisso, continuidade e confiança para levar a Seleção Brasileira ainda mais longe.
A caminhada continua. Nosso sonho também.Saiba mais em https://t.co/pkHuBcm04I pic.twitter.com/DZdRZofPpN
— brasil (@CBF_Futebol) May 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
