Официјално: Белгијците избраа Холанѓанец за нов селектор

Фудбалската Федерација на Белгија веднаш по завршувањето на мундијалскиот настап објави дека нема да ја продолжи соработтката со Руди Гарсија, а не се чекаше многу на изборот на нов селектор.

За многумина изненадувачки, станува збор за поранешниот холандски капитен Марк ван Бомел, кој експресно се договори со челниците на федерацијата. Иако дел од домашните медиуми критикуваа за ангажман на „стратег од соседството“, јавноста е едногласна дека Ван Бомел поседува далеку поголеми квалитети од досегашниот селектор Гарсија, пред се во менаџирање на меѓучовечките односи во самата репрезентација, но и во тактичката подготовка на натпреварите.

Тој ги прифатил понудените услови, согласувајќи се на двогодишен договор до крајот на ЕВРО 2028  (иако на почетокот од преговорите барал договор до СО 2030).

Во стручниот штаб ќе има најмалку еден белгиски стратег што беспрекорно говори француски јазик, нешто што важи за единствен „хендикеп“ за Ван Бомел во моментов бидејќи тој воопшто не зборува француски.

Холанѓаните се шокирани како во ситуација кога и самите бараат селектор остануваат без еден од главните кандидати, и тоа токму од соседите. Веќе нема дилема, Марк ван Бомел е новиот селектор на Белгија..

Се вчитува...