Евролигата донесе тешка одлука и на местото на Монако следната сезона во Евролигата ќе се натпреварува Бешикташ. Управата на најсилното европско натпреварување очигледно не беше подготвена да ризикува сезона со финансиски нестабилниот Монако, од која профитираше турскиот Бешикташ.
Претстојната сезона на Евролигата 2026/27 ќе се игра со 20 клуба, а местото на Монако го зазема Бешикташ. Турскиот клуб треба влезе во Евролигата благодарение на посебна покана, додека Монако привремено ќе се пресели во Еврокупот, врз основа на петгодишна лиценца договорена со Евролигата.
Евролигата треба да одобри и проширување на натпреварувањето на 24 екипи од сезоната 2027/28, заедно со воведување на нов систем на конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
