Благојче Спиркоски по пет години се враќа во редовите на Пелистер, како дел од планот на битолскиот второлигаш за експресно враќање во Првата лига. Искусниот фудбалер доаѓа како значајно засилување за „зелено-белите“, откако изминатите шест месеци ги помина во тимот на ГФК Охрид.
Спиркоски зад себе има богата кариера на македонската фудбалска сцена. Тој кариерата ја почна во Хоризонт Турново, а потоа настапуваше и за екипите на Кожув, Тиквеш, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк и 11 Октомври.
Новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов, полека го комплетира играчкиот кадар за новата сезона, а клубот најавува дека наскоро ќе биде промовирано уште најмалку едно ново име во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
