Официјално: Бојан Трајковски е нов кошаркар на Феникс 2010 (ФОТО)

Бојан Трајковски е нов кошаркар на Феникс 2010. Доскорешниот репрезентативец на Македонија сезоната ја започна во редовите на Пелистер, но на половина сезона се одлучи за смена на боите, а изборот падна токму на новлијата кој во дебитантската сезона во „елитата“ на македонската кошарка бележи огромен успех.

Крилниот центар на 10 одиграни натпревари во македонската првенство забележа просек од 8.4 поени и 5.8 скока, додека во АБА2 лигата на седум одиграни меча забележа 10.4 поени и 2.7 скока па јасно е дека ќе биде од огромна корист на тимот на Денис Дервишевиќ за изборување на што подобар пласман на крајот на сезоната.

Феникс 2010 по 12 одиграни средби во Првата лига се наоѓа на делба на шестата позиција на табелата со скор од шест победи и шест порази, а во сабота ќе се сретне со Работнички во продолжението од сезоната.

Се вчитува...