Официјално: Бојиќ се врати во МЗТ Скопје

Српскиот центар Андрија Бојиќ повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Србинот пред две сезони го носеше дресот на „металците“, во просек постигнувајќи по 16,3 поени и 5,9 скокови по натпревар. Тој ланската сезона ја мина во романскиот второлигаш Волунтари, со овој тим обезбеди влез во романската елита, но летово ќе ги смени клупските бои.

Бојиќ кариерата ја почна во Мега Визура, а настапуваше и за екипите на ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, КСЕ Јашбери (Унгарија), Полфарма (Полска) и романска Политехника.

Се вчитува...